Со својата богата историја во производството на високо–квалитетен печат, постојаното надминување на очекувањата на клиентите, денес Печатницата се издигна на високо ниво во Графичката индустрија. Денес Печатницата ја претставува Графичката индустрија во Републиката. Работејќи по современите принципи на работење на територијата на повеќе балкански и светски држави, Печатницата ја воспостави и одржува својата долгорочна цел, а тоа е задржување на лидерската позиција на пазарот, свесно и одговорно однесување, како и професионален однос кон потрошувачите. Располагаме со најсовремена технологија, ги следиме достигнувањата на европско и светско ниво во графичката индустрија. Се стремиме да обезбедиме висок квалитет на нашиот производ преку користење на високософистицирана комбинација на технологии, што одговара на буџетот на нашите клиенти и на роковите поставени од нив. Се стремиме да достигнеме доверба и лојалност кај нашите клиенти. Горди сме на она што денес претставува Печатницата и работиме многу напорно таа традиција да ја одржиме, со фокусирање на она што најдобро ги задоволува потребите на потрошувачите. Горди сме на фактот што сме една од ретките компании со референтна листа на завидно ниво, која зборува сама за себе.
2 машини за длабок печат, Максимална ширина на печат до 1300мм, Максимален број на бои 9, Нанесување на ладен вар во линија, Можност за печат на позадината до 3 бои, Мат лак на површина во регистар
3 машини за флексо печат, централен цилиндар (CI), Максимален број на бои 8, Максимална ширина на печат 1000мм, Максимален чекор 700мм
Максимално до 8 бои вклучувајќи и лакирање, Нанесување на ладна позлата, Печат на една боја на лепилото или подлогата, Печат на материјали со различна подлога
4 офсет машини за печат. Формат на печат Б1 и Б2.
Печат до 7 бои + нанос на мат лак и 100% инспекција на печат.
Печатење на секаков вид на хартија со дебелина од 40гр до 400гр.
Капацитет 14000 табаци за 1 час.
Користејќи најнова компјутерска и дигитална технологија, успешно ја реализираме идејата на дизајнерите. Нивната замисла ја оживуваме и ја правиме реалност на обострано задоволство и на дизајнерите и на клиентите. Листата на проекти кои ги надминале и очекувањата на дизајнерите е долга - амбалажа за производи од прехранбената и непрехрамбената индустрија, хемиската, фармацевтската индустрија и многу други етикети, магазини, каталози, брошури, летоци, банери и многу други.
Холограми, нумерирање, бинго ливчиња, грепки, гласачки материјали, контролни маркички, дипломи, свидетелства, изводи од матични книги, индекси, легитимации.
Ламинирање со солвент и без солвент лепило, максимална ширина 1300mm, максимална брзина од 300 метри/минута